Ериксен и Бендтнер доаѓаат во Скопје, Македонија на мегдан со Данска!

Македонската фудбалска репрезентација идната година на 6-ти февруари идната година ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Данска.

Натпреварот ќе се одигра на „Националната Арена Филип II“ во Скопје.

Данците дури седум натпревари немаат победа, последниот натпревар од пријателски карактер против селекцијата на Турција заврши со резултат 1-1.

Никлас Бендтнер, фудбалерот на Јувентус, во моментов е повреден, според информациите кои беа објавени се наведе дека данецот во дресот на „Старата Дама“ ќе отсуствува од терените од 2-3 месеци, па под мал знак прашалник се поставува токму настапот на Бендтнер за овој дуел.

Против Данска,нашата селекција го одигра првиот официјален квалификациски натпревар, во циклусот на ЕП 1996-тата година, во Скопје, Македонија одигра 1-1 со Данска.

Извор/Фото: ФФМ

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: