недела, 15 ноември 2026
Најново

Тарантино го брани насилството на филмот и по масакрот во училиштето во Њутаун

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американскиот режисер Квентин Тарантино застана во одбрана на насилството во филмовите по масакрот во основното училиште во гратчето Њутаун во сојузната држава Конектикат во кој беа убиени 27 лица од кои дваесет деца на возраст од шест и седум години.

Последниот филм на Квентин Тарантино, шпагети вестернот „Django Unchained“ е насилен содржи крвави сцени на масовни пукотници, како што впрочем е во сите негови филмови.
Тарантино за медиумите во Њујорк изјави дека веќе е заморен од тоа да мора да ги брани своите филмови секогаш кога САД се во шок поради оружено насилство.
„Мислам дека знаете дека има насилство во светот, трагедиите се случуваат., обвинете ги оние коишто се виновни за тоа“, изјавил Тарантино коментирајќи ги забелешките за насилството и во неговиот нов филм со „Тоа е вестерн. Оставете ме на мир“.
Од друга страна, пак, главниот актер во „Django Unchained“, Џејми Фокс, смета дека насилството во филмот може да влијае врз луѓето.
„Не можеме да го свртиме грбот и да кажеме дека насилството во филмовите или што и да е што го работиме нема некој вид влијание. Има“, изјави Фокс.
Инаку „Django Unchained“ е номиниран за пет Златни глобуси Фокс го толкува ликот на роб на американскиот југ кој тргнува да ја ослободи својата сопруга од бруталниот сопственик на плантажа во државата Мисисипи кого го толкува Леонардо Дикаприо.

Макфакс

Поврзани вести