Ако на врвот на вашата листа за Нова Година е да најдете нова работа во 2013 не сте сами. Најновите истражувања покажале дека скоро 50% од луѓето кои го смениле своето работно место се каат што го потпишале договорот за работа. Еве неколку совети во врска со грешките кои ги правиме на работното место.
Да ја одбереш работата само затоа што е добро платена
Решение: Направи си калкулација на твојот буџет. Ако не си сигурен колку точно пари ти требаат за да живееш удобен живот размисли дали за една или пак две илјади повеќе вреди да го менуваш твоето работно место? Нешто што може да ти помогне е да направиш список на работи кои се за или против прифаќање на новото работно место. Ако единственото нешто што го нуди новото работно место е поголема плата можеш на тоа плус да додадеш и прекувремена работа како и зголемени обврски. Имај на ум дека истражувањата покажале дека луѓето се најзадоволни кога имаат некоја средна плата но притоа се задоволни од работните услови. Ако мислите дека огромната плата ќе ве направи многу посреќни се лажете. Ако сеуште трврдите дека тоа е така , треба да се запрашате дали има и други работи кои се нематријални а ве прават среќни?
Останувате предолго на некое работно место кое не ви се допаѓа
Решение: Проблемот е во тоа што сте заглавени и тапкате во место. Тогаш кога ќе го промените работното место за некое подобро ќе сфатите дека залудно сте го трошеле времето и ќе се прашувате зашто порано не сте го направиле тоа иако во моментот не ви личело на возможно решение. Она што можеш да го направиш за себе е да ги идентификуваш прчините кои те задржувале на претходното работно место како предупредување за во иднина да не ги направите истите грешки и побрзо да ги препознаете шансите кога ќе ги добиете.
Сеуште не сте започнале свој бизнис
Решение: Додека идејата да бидеш свој газда звучи многу привлечно не е секој роден бизнисмен. Да бидеш успешен и да создадеш богатство за твојата фамилија како и да ги подобриш животите на клиентите и муштерии секако дека звучи како приказна но што е со долгите часови поминати на работа, немање на слободно време, ризикот од банкрот, факото дека ти си одговорниот за се, варботување на добар работник, одговорен за маркетинг, сметководител и се останато во едно? Ако си личност која сака стабилност во работата, помал број на обврски наместо повеќе, не сакате да ризикувате и неможете да се замислите себе како секој ден барате нов бизнис можност тогаш животот на бизнисмен не е за вас. Но не ме фаќајте за збор – направете свој бизнис план (но не заборавајте да ги пресметате финансиите).
Пронајдете не на следниве мрежи: