’Фантомот од операта’ прославува 25-годишен јубилеј на Бродвеј

Loading...

Мјузиклот на британскиот композитор Ендрју Лојд Вебер „Фантомот од операта“ во јануари ќе прослави 25 години од првата изведба во њујоршкиот театар „Мажестик“ како најдолговечна претстава на Бродвеј.

Мјузиклот на Ендрју Лојд Вебер е компониран според книжевната основа на Французинот Гастон Леро својата прва изведба на Бродвеј ја имал на 26-ти јануари 1988 година, две години по премиерната изведба на лондонски Вест Енд. Од тогаш во театарот „Мажестик“ се изведува како еден од најуспешните мјузикли на сите времиња и истовремено најдолговечниот во историјата на Бродвеј. „Фантомот од операта“ во февруари 2012 година ја забележа десетилјадитата изведба и во моментов е за 2.858 изведби пред втората најуспешна бродвејска претстава мјузиклот „Мачки“ на истиот композитор кој престана да се изведува по 2000 година, по 18 години.
Дваесет ипетгодишниот јубилеј ќе биде одбележан со свечена изведба, за којашто детали не се соопштуваат. Неговата лондонска верзија, чијашто матична куќа е „Her Majesty's Theatre“ ја одбележа својата 25-годишнина во ноември 2011 година со единствена концертна изведба во „Ројал Алберт Хол“, во која гостуваа членовите на оригиналната постава Мајл Крафорд и Сара Брајтман, а премината минати, сегашни и идни Фантоми – Рамин Каримбо, Питер Џоебек, Џон Овен-Џонс, Ентони Варлоу и Голм Вилкинсон ја изведоа познатата арија „Music of the Night“.
До својата десетилјадита изведба бродвејската продукција остварила 835 милиони долари приход, што е само мал дел од проценетите 5,6 милијарди долари глобална заработувачка остварена во 27 земји во светот.
„Фантомот од операта“ досега го гледале повеќе од 130 милиони луѓе, а по него во 2004 година беше снимен филм со Џерард Батлер во насловната ролја, а овој мјузикл е основата и за спектакуларното шоу во Лас Вегас, а минатата 2011 година на лондонски Вест Енд беше поставен и неговото романтично продолжение „Lover Never Dies“.
Британскиот композитор Ендрју Лојд Вебер е најпознатиот и најконтроверзен композитор чиишто мјузикли „Мачки“, „Фантомот од операта“, „Исус Христос Суепрстар“ и „Евита“, само дел од неговото творештво, ги гледале милиони луѓе низ светот. Тој е еден од најуспешните британски уметници, кој доби многубројни значајни признанија: седум награди Тони, три Греми, шест театарски награди кои го носат името на славниот актер Лоренс Оливие, Оскар, ему и Златен глобус. За него критиката вели дека со своите дела ја провоцира јавноста и го менува музичкиот свет.

Макфакс

loading...
Loading...