Најдобрите филмски шпиони

Бонд е дефинитивно најпознат филмски таен агент, но во историјата на седмата уметност имаше многу шпиони кои по многу нешта се интересни, па со помал или поголем успех ги забавуваа гледачите на своите авантури. Ќе наведеме некои заслужни од нив.

 

Џејмс Бонд

Произлезен од перото на Иан Флеминг овој јунак сосема сигурно е прва асоцијација која се поврзува со тајните агенти, снимени се 26 филмски наслови, а не како што се води официјално за 23 филмски наслови бидејќи тој број се однесува само на Бондовите филмови во продукција на Алберт Броколи. Тука се уште Никогаш не вели никогаш со Шон Конери и Казино Ројал со Дејвид Нивен, како и едноставната телевизиска адаптација Казино Ројал од 1954 година за серијата Климакс. Вистина, од него во поновите верзии немаше нешто многу останато од Бонд каков што го сакавме, но 007 всушност и понатаму е број еден и најпознат филмски шпион. 

Дерек Флинт 

Настаната како пародија на Џејмс Бонд, првата Флинтова авантура доживеа успех и го направи Џејмс Кобурн ѕвезда. Се работеше за најдобар постбондовски кловн, урнебесно забавна емисија со генијалниот Кобурн во главна улога на супер шпион од агенцијата З.О.Њ.И.Е. (Зонал Организатион фор Њорлд Интеллигенце анд Еспионаге). Флинт е мајстор на боречки вештини, балет и мачување, сопственик на неколку олимписки медали и дури на 17 факултетски дипломи, зборува десет светски јазици, има многу гаџети (само неговата запалка има 83 специјални функции), поголем швалер е од Бонд, па во суштина е мегаломанска копија на Бонд. Но, токму тоа му дава најголем шарм и се чини дека денес Флинт на филмот е најпотребен од кога и да е. 

Oстин Пaуерс

Иако Мајк Маерс во интервјуата вели дека како инспирација за оваа креација му послужил неговиот татко на сите им е јасно дека интернатионал ман оф мѕстерѕ своето раѓање сепак му го должи на Бонд, иако рака на срце, со атмосферата овој филмски серијал повеќе потсетуваше на наведениот Флинт. Всушност во второто продолжение на серијалот и самиот Аустин го признал тоа, кога го коментирал на телевизија вториот дел на авантурите на Флинт (Ин Лике Флинт) и рекол дека тоа му е најдраг филм. Во секој случај, Аустин е вистински претставник на својата генерација на свингерските 60-ти, мешавина на Бонд, Флинт и Петер Селерс, мајстор за маскирање, хипнотизер, љубител на наркотици и пред се џентлмен (не спие со жени ако се под влијание на алкохол, бидејќи тоа не е во ред).

Никита 

Налик на нежна девојка, Никита според своите убиствени способности не заостануваше премногу зад своите машки колеги. Поранешна наркоманка осудена на доживотна казна станува активист на француската тајна служба ДГСЕ под нов идентитет. Ментално нестабилна, по завршената обука Никита станува речиси совршен убиец. Оригинално ја глуми неодоливата Ени Парилауд што е дополнителен плус, а животот дополнително и го продолжија американскиот римејк како и две ТВ серии. 

Мата Хари

Единствениот вистински шпион на нашата листа се вика Маргарета Гертруда Зеле, но сите ја памтат по уметничкото име. Танчерка обвинета за шпионажа во текот на Првата светска војна, завршува пред француски стрелачки вод, поради соработка со Швабите, а својата медиумска слава најмногу ја должи на легендарната Грета Гарбо, која ја толкуваше во 1931 година во филмот Хари Мата. Кон средината на 80-тите снимена е грозна филмска верзија, нека не ни замери Грета, со исто така легендарната Силвија Кристел, а како лик уште се појавува во Индијана Џонс и Доктор Ху. Доволно за да научиме дека се работи за егзотична танчерка која е опасен двоен агент и фам фатал со неодолив шарм. 

Џорџ Смилеј

За многумина најдобар писател на шпионски романи беше и остана Џон ле Каре кој со години работел во британските тајни служби МИ5 и МИ6 поради што и пишувал под псевдоним. Испитување на луѓе, водење на акции, прислушкување на телефони, биле негово секојдневие, па логично е што романите му се неверојатен реален приказ на задкулисни игри, но без гламурозност. Џорџ Смилеј е неговиот најпознат јунак, агент на МИ6, кој искуство стекнувал шпионирајќи пред и во текот на Втората светска војна, како и за време на Студената војна. Тука нема гаџети и акции, туку настаните често се темелат на внатрешни борби и конфликти, па на филм редовно го глумат одлични глумци: Џејмс Мејсон, Алек Гинис, Денхолм Елиот и Гери Олдман. 

Џејсон Борн

Јунакот на серијата од романот на Роберт Ладлам и Ерик Ван Лустбадер, својот филмски живот го почна на телевизија во 1988 година (го глумеше вљубеникот на госпоѓи во златни години, Ричард Чемберлејн), но сепак требаше да помине време Борн да се претстави на вистински начин. Мат Дејмон се покажа како одличен избор за главна улога исто како и режисерите Даг Лиман и Пол Гринграс, а резултатот е модерен шпионски филм со сериозен тон, па овој јунак е една од главните причини за Бондовиот пресврт во сериозни води. Кога се работи за самиот Борн, станува збор за убиец со амнезија под вистинско име Дејвид Веб, а во матичната Топ Сикрет компанија Медуза го знаеја под името Делта Еден. Покрај тоа што зборува неколку светски јазици и поминал обука во ЦИА, исто така бил подвргнат и на посебни модификации за однесување во рамки на некаков таен проект. 

Етан Хунт 

Откако бондманијата го зафати светот и некаде по премиерата на четвртото продолжение на Тандербол во кината, на телевизија се појави шпионската серија Невозможна мисија (Миссион Импоссибле) која претстави неколку шпиони од агенцијата ИМФ (Immposible mission force) и доживеа голема популарност. Во 90-тите серијата беше оживеана во кино проект со новиот јунак Етан Хунт и понатаму член на ИМФ, кој по рецептот на Бонд на разни заговори го носат на разни локации во светот, а тоа на публиката и се допадна па веќе се зборува и за петто продолжение. Хунт, покрај Бонд, воедно е и сопственик на најпрепознатливата музичка тема.

Хари Палмер

Благодарение на Бонд повеќе луѓе имаат целосно погрешна слика за животот на тајните агенти. Тие во суштина се веројатно најблиски до јунакот на романот на Лен Деитон, кој на филм пет пати го одглуми Мајкл Кејн. Дебели очила на глава, припадник на работничката класа а не на џет сетот, човек кој живее во мал стан и наместо по луксузни ресторани со многу згодни жени, тој се храни по супермаркети. Потплатен и затрупан со папирологија Хари Палмер е (не)типичен но еднакво добар агент. Но, за да не изгледа тоа на филм досадно сепак има и малку акција. 

Хари Таскер

Таскер е протагонист еден од најзабавните модерни холивудски спектакли Вистинити лаги, кој маестрално ги режираше Џејмс Камерон. Камерон е мегаломан и лудак, но кога се работи за акција тогаш му нема рамен, а на овој римејк на француската комедија Ла Тотал, беше многу расположен. Таскер е далеку од плејбој и заводник какви што се филмските тајни агенти, но води двоен живот, работи за Омега Сектор во рамки на американската влада, на располагање му се многу ресурси од последна технологија и прилично е добар во својата работа.

Пронајдете не на следниве мрежи: