Како до совршена тренди комбинација за 2013 година

Одлични модерни комбинации за новата 2013 година!

 

Комбинација 1: Црно Сако

Едно од најважните парчиња во плакарот на секоја жена е сакото, особено црното. Според најновите трнедови сакото го комбинираме со црна шик пемплум блуза задно со пантолони или здолниште , по можност да има шарен принт, кој е голем хит во новата 2013 година и совршено би се вкопило во нашиот изглед . Тоа се можете да  го ставите во комбинација со црни кожни цевли со златен врв кои го комбинираме со златен каиш како и дебело богато златно ланче за вечерните излегувања. На крај можете да носите чанта која би одговарала со шарениот принт како на сликата на пример во бордо боја која е во тренд осоебено во ладните периоди од годината но ако немате таква боја слободно можете да ја искористите чанта во црна боја.

 

Комбинација:2 Тесно миди здолниште

Здолништа кои се до колената не значи дека се сериозни и здодевни. Таквото здолниште со висок струк може да го искомбинирате со црна чипкана маица без ракави и карирани црно бели чизми до глужд. Изгледот ќе го завршите со тексас јакна со кожни ракави и штосно црно бини капче и ќе изгледате многу софистицирано и секси со примеси на рокенрол стил!

 

Комбинација:3 Старото сако

Сакото кое е долго, сомотско, карирано или од чоја матријал кое можеби го носела твојата мајка или сте го купиле во минатото стоело закачено во плакарот и сте размислувале да го фрлите, но за среќа не сте го направиле тоа! Сега може да го искористите во комбинација со класични пантолони во некоја пожива боја заедно со некој бордо џемпер кој ќе ве стопли во зимските денови. Изгледот може да го завршите со бордо чевли на потпетици, некој крзнен шал, златна алка и бордо чанта.

 

Комбинација:4 Црни класични пантолани

Пробај да направиш микс на класичните пантолонии и да ги искомбинираш со кратко (златно) интересно ланче и бела (со натпис) маичка во рокерски стил. За изгледот да добие уште поинтересен шмек облечи темо сино морнарско сако со златни копчиња. Изгледот завршете го со високи потпетици во црна боја,  златен саат и плико со анимал принт кое е исто најголем хит оваа 2012/13 година. 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани.  Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: