5 Работи кои ја уништуваат вашата кожа во зима!

 

Како што се наближува зимата така почнуваме да додаваме се повеќе гардероба на нас како и да користиме повеќе прозводи за нега на кожата. Но не значи ако е зима дека треба да ја смениме нашата нега за 180 степени. Еве неколку причини зашто нанесувањето на премногу слоја хидратантна крема на лицето или нозете може да има сериозни последици во иднина.

 

5.Не правете пилинг на друго место освен вашето лице

Совршеното решение за оштетена кожа во зимските денови е сув пилинг. Техниката позната како сув пилинг може да се прави секој ден со што го ревитализира целото лице и му дава еден свеж изглед во утринските часови. За ова користете дрвена четка со цврсти влакна. Пред да се туширате со нежни движења поминете го телото со најголемо внимание на проблематичните делови како нозете, лактовите и колената. Потоа истуширајте се и намачкајте се со хидратанта крема.

4.Ставате премногу хидратантна крема

Кога ќе се намалат температурите имаме навика да нанесуваме премногу од нашата омилена хидратентна крема. Најдобар начин е да ја користиме истата количина преку целата година. Но ако треба да додадеме малку повеќе во зима користете дневна и ноќна хидратантна крема за да ви се навикне лицето на оваа рутина зошто ако ја смените нагло рутината ќе се на намали  PH  балансот со што може да ви се исфрли кожата. Единствено нешто што треба да смените е наутро да нанесете малку повеќе хидратантна крема, гледајте да содржи SPFфактор! Користете маска за ревитализација еднаш неделно за подобра хидратација.

3.Обрнувате внимание на производи без масленост

Секогаш во советите за хидратантни креми се говори како не треба да се користат креми кои содржат масла во нив бидејки може да направат исфрлување на кожата. Но тоа многу зависи од типот на масла кои ги содржи продуктот. Има голема разлика меѓу минералните, есенцијални и природните масла. Најдобро е да не користите креми кои содржат минерални масла, но ако имате сува кожа пробајте да користите производи кои содржат шеа путер, масло од грозје или масло од цитрон во нив.

2.Сте го отфрлиле балзамот за усни од употреба

Обожаваме да ставаме кармин или сјај, но не заборавајте да ја хидрирате вашите усни со балзам за усни. Користете балзам со шеа путер во него а избегнувајте восок или масло зашто тоа е добро само за испукани усни но не и за претходна заштита.

1.Сте ги заборавиле вашите нозе и стапала

Не заброравајте дека ако не ви се на виделина не значи дека не треба да ги негувате! Кога ќе дојдат летните денови не би сакале да имаме кожа како на алигатор или испукани стапала. Пробајте го путерот со манго.

Пронајдете не на следниве мрежи: