Нов удар за Ленс – „ББС“ му ја одзеде наградата за најдобар странски спортист

Британците му нанесоа уште еден тежок удар за велосипедостот Ленс Армстронг.

Престижното признание од „ББС“ кое велосипедистот од Тексас го доби во 2003-тата година откако го освои петтиот од неговите седум титули на „Тур Де Франс“ му е одземено на Американецот, токму од страна на „ББС“.

Меѓутоа, оваа година Американската Антидопинг агенција и Меѓународната велосипедистичка федерација му ги одземаа сите титули и доживотно го суспендираа поради користење на недозволени средства во текот на неговата кариера.

Реагираше и „ББС“ откако целосно го збриша Армстронг од изборот односно освојувањето на престижната награда за најдобар странски спортист.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: