Дневен хороскоп – 19.12.2012

Loading...

 

Дневен хороскоп за 19.12.2012 – среда.

 

Овен
Денеска би можел да биде денот за кој мечтаете со месеци. На работа се ќе ви оди од рака и во еден момент дури ќе помислите и дека сонувате. И вашиот емотивен живот ќе процвета, па ќе се чувствувате како да сте на врвот на Монт Еверест.

Бик
Денеска ќе бидете преполни со енергија, па не би било лошо и да ја искористите. Првенствено насочете ја кон работата, зашто тука најбрзо ќе ги почувствувате резултатите кои ќе ве мотивират да продолжите и понатаму. Бидете подготвени да и простите на саканата личност.

Близнаци
Денеска ќе имате премногу работа, а да биде уште полошо, ќе бидете толку чувствителни што ќе реагирате на секоја ситница. Сепак, обидете се да не ги малтретирате луѓето во својата околина, а посебно не и се истурајте на подобрата половина.

Рак
Ако моментално немате пари, најдете и инвестирајте во недвижности. Со едноставен потег би можеле да заработите многу пари. Купете си витамини, минерали и слично, нешто што би можело да ја подобри вашата општа здравствена состојба.

Лав
Вашата моментална заљубеност нема повеќе смисла. Престанете да гледате на светот преку розови очила и обидете се објективно да размислите дали е тоа – тоа. Ако одговорот е негативен – бегајте и не вртете се зад себе. Нема потреба да се залажувате.

Девица
Прифатете ги новите деловни предизвици и вложете ја во нив целата енергија зашто наградата ќе биде толку голема што ќе ви помогне да решите важни прашања во животот. Што се однесува до емотивниот живот, можно е да се разочарате во партнерот.

Терезија
Работите ќе се менуваат од секунда во секунда, па веќе во утринските часови ќе се чувствувате исцрпено. Но, крајниот резултат ќе биде сепак добар, па препорачливо е да си дозволите релаксирана вечер. А што ќе биде точно, одберете сами.

Скорпија
Немојте да бидете површни. Обрнете малку внимание на деталите и ќе видите дека сте направиле неколку погрешни потези во последно време. Но, без грижа, се ќе си дојде на свое место, а тоа посебно се однесува на емотивниот живот. 

Стрелец
Ако јасно и гласно не дефинирате што сакате, како мислите дека другите ќе знаат? А за да го кажете тоа, најпрво морате самите со себе да расчистите некои работи. Денеска ве чека тешка работа – разговор со самите себеси и определување на приоритетите.

Јарец
Кога ќе ви падне некоја генијална идеја, заборавате на се и одите со глава во ѕид. Логично е дека со таквиот начин никогаш нема да остварите ниту една замисла, зашто нормално, ќе имате милиони реални пречки. Затоа, соберете се и пред да тргнете во акција добро проценете ги моменталните околности.

Водолија
Денеска ќе имате средба со бившата подобра половина за која ве врзуваат болни спомени. Немојте да дозволите спомените да ве оттргнат од реалноста. Таа личност ве повредила, но сега е сосема небитна во вашиот живот. Всушност, убаво е да се простува.

Риби
Здружете ги силите со еден ваш колега зашто така ќе ги остварите своите идеи. Колегата, за разлика од вас, ќе биде многу пообјективен и нема постојано да се врти во круг, туку ќе ги преземе вистинските чекори и ќе ве помрдне од мртвата точка. 

 

loading...