24 годишната пејачка од Англија е првиот музичар кој две години по ред го добива признанието уметник на годината и албум на годината.
Магазинот Bilboard ја прогласи за артист на годината а нејзиниот албум „21“ е прогласен за албум на годината. Таа годинава освои и 6 Греми награди, а албумот не се симна од првото место од листата на најпродавани албуми 24 недели.
Со тоа, ова е втора година по ред делото на Адел да биде препознаено на овој начин. Таа беше прогласена и за пејачка на годината, а за најдобар машки артист беше прогласен Дрејк.
Трите главни песни на оваа година се Somebody That You Used To Know, Call Me Maybe и We Are Young.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.






