Џејми Оливер повторно прв на Божикната листа

Славниот телевизиски кулинар Џејми Оливер трета година по ред е на Божикната листа на најпродавани книги во Британија.

Книгата на Џејми Оливер со наслов „Јадења за 15 минути“ е продадена во речиси 118 илјади примероци минатата седмица во Велика Британија. Тоа е двојно повеќе од второпласираната Гинисова книга на рекордите 2013.
„Почестен сум. Ова е најтешката книга што сум ја напишал во 14-годишната кариера и апсолутно во неа го оставив своите срце и душа. Пишувањето на книгата за секојдневните оброци кои истовремено се и здрави и брзи и вкусни, претставуваше вистински предизвик, меѓутоа предизвик во којшто уживав. Среќен Божик и среќно готвење“, им порача Оливер на своите обожаватели.
Минатата година тој го освои врвот на Божикната листа со книгата „Јадења за 30 минути“, а претходната тоа му појде од рака со готвачот за британски јадења.
„Голем успех е да се биде прв на Божикната листа, а не пак, тоа да се направи три години по ред“, вели Том Велдон, главниот уредник на издавачката куќа Penguin“, која од продажбата на книгите, односно готвачите на Џејми Оливер заработила 134 милиони фунти.
„Јадења за 15 минути“ од нивното објавување во септември 2012 година се продадени во близу 600 илјади примероци. Меѓутоа, на листата за продадени книги во текот на целата година убедливо прва е „Педесет нијанси на сивата„ на Е.Л..Џејмс.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: