Диета според хороскопскиот знак

Сте пробале многу диети и вежби, но сепак на крајот не сте биле задоволни од резултатот? Можеби треба да го пробате ова, диета според хороскопскиот знак…

 

Овен

Го сакате предизвикот, но ако веднаш не видите резултати брзо се откажувате. Пробајте со “Фактор 5” режимот на исхрана. Тоа значи дека пет недели треба да го имате овој режим на исхрана: јадете пет помали оброци во текот на денот и вежбајте 25 минути дневно, по серија од 5 минути. Пробајте вежби со кои ќе може да го истакнете вашиот натпреварувачки дух.

Бик

Сакате храна и буквално уживате во неа. Но, вашиот знак ви дава трпеливост и истрајност што може да ви помогне да истраете во намерата. Мали и чести оброци се идеални за вас. Физичката активност ќе ви биде најмногу од корист. Ако не сте тип кој ќе се затвори во теретана, тогаш одлучете се за забава, па некој час по танц одлично ќе ви дојде.

Близнаци

Друштвени како и секогаш, сакате подршка кога сте на диета. За да издржите во диетата ви треба разноликост, како и за се во животот. Тогаш одберете режим на исхрана кој ќе ви овозможи чести промени во менито. Тоа ќе ви помогне да ја издржите диетата.

Рак

Вие сте многу чувствителни, па храната често ви доаѓа како утеха. Треба да ја промените оваа тактика. Кога се чувствувате депресивно или тажно одберете некоја физичка активност. Пливањето е идеално за раковите. Јадете црн леб, овошје зеленчук, и многу чорби.

Лав

Лавовите се секогаш на диета. Важно им е како изгледаат. За нив ни ригорозните диети не се проблем. Варијантата Аткинсова диета е идеална за лавовите.

Девица

Девиците се перфекционисти, па и кога станува збор за физичкиот изглед. Можеби ќе си дозволат некое килце плус, но потоа без проблем брзо се враќаат во форма. За нив е најдобро нискокалорична диета во комбинација со вежбање, што воопшто не претставува проблем. Тие можат со часови да трчаат на трака за трчање.

Вага

Припадниците на овој хороскопски знак често се неодлучни. Ќе започнат со диета, па се премислуваат. Си оставаат некој ден плус за уживање па повторно се враќаат на строг режим на исхрана. Тоа е сосем погрешно. Застанете еднаш цврсто на одлуката и издржете до крај. Помогнете си со стара фотографија на која изгледате убаво. Потоа исхраната базирајте ја на овошје и зеленчук.

Шкорпија

Позитивнбиот став за се во животот и вербата во себе е клучна за шкорпијата. Тоа им помага во истрајноста при диетите. Без многу маснотии, со повеќе свежи продукти резултатот ќе биде одличен. Астролозите сметаат дека сексот е најдобра вежба за шкорпиите.

Стрелец

Оптимист и спортски тип. Стрелецот нема проблеми со вежбањето, но затоа пак има проблеми со трпението. Сака резултатот да го има веднаш. За нив најдобро одговара медитеранската исхрана. Таа ќе им овозможи брз ефект, како што тие сакаат.

Јарец

Многу од светски познатите готвачи кои важат за најдобри се од овој хороскопски знак. Јарците се гурмани кои уживаат и да ја спремаат храната. Од друга страна се многу методични па ако сакате да ослабете би било добро да се долучите за некоја диета која подразбира броење на калории. Така ќе може да јадете од се, но во ограничени количини секако.

Водолија

Сонувачи со слободен дух кои уживаат во сировата храна. За нив не е проблем да јадат и свежо овошје и зеленчук. Она што астролозите им го препорачуваат е јогата.

Риби

Друштвени се и уживаат во богатата трпеза со бројното друштво. Но, рибите може да се придржуваат до било која диета. За нив не е проблем да го почитуваат она што ќе си го зацртаат.

Пронајдете не на следниве мрежи: