Бесплатни поклони што секоја девојка ја прават среќна

Празниците се ближат, а вие сеуште не знаете што да и подарите на вашата девојка. Понекогаш некои поклони не се купуваат со пари, а се многу повредни и можат да украдат насмевка на лицето на вашата сакана. 

1. Подарете и масажа

 

Изненадете ја со масажа, по напорниот ден, пред спиење или рано наутро. Сензуалната масажа опушта, а може да предизвика и чувство на возбуда кое финишира со страсни бакнежи и прегратки. 

2. Измиени садови

Колку и да е необично, сепак е корисно ако сакате да ја видите вашата сакана среќна. Барем неколкупати во месецот изненадете ја и по ручекот или вечерата исмите и ги садовите. Тоа е одличен поклон кој ќе ја зацврти вашата врска и уште повеќе ќе бидете вреднуван во очите на вашата сакана.  

 

3. Далечински управувач

Во секоја врска, кога паровите гледат заедно телевизија, тоа може да предизвика кавга за кој прво да го земе далечинскиот управувач и да гледа тоа што ќе посака. Потребно е да попуштите, барем еднаш и додека гледате заедно тоа што сака таа бидете покрај неа и уживајте во времето поминато во нејзините прегратки. 

4. Вашето време 

Одвојте од вашето време и посветете се на вашата сакана. Откажете некој состанок и дојдете си порано дома, поминете ја вечерта заедно, а понекогаш земете слободен ден и однесете ја на пикник. Ќе се чувствува среќно и задоволно што има таков дечко покрај себе, а со тоа и вие ќе сфатите колку ја сакате и почитувате. 
 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24

Пронајдете не на следниве мрежи: