Полицијата најде пет годишно момче во куфер

Полицијата најде пет годишно момче заглавено во куфер кој припаѓал на човек кој се симнувал од воз во Венеција. 

Али Слакер, 35, грѓанин на Авганистан, спокојно го отворил својот куфер на властите, но никој не очекувал дека внатре се крие пет годишно момче од Авганистан. Слакер изјавил дека го носи момчето во Германија по желба на неговите родители, за да се види со своето семејството. 

 

Човекот кој работи како обезбедување на границата, агентот Антонио Де Францис, кој на четврти декември го пронајде детето , не можел да поверува на смирената реакција на Слагер.

“Тој внимателно го спушти куферот на маса, погледна во небото и го отвори куферот”, рече Де Францис. “Момчето изгледаше исплашено и исцрпено. Не сме сигурни колку часа поминал во внатрешноста на куферот “, кажа Де Францис.

Нема никаков документ со себе, но се верува дека е од Хазара, етничка група од централен Авганистан. Италијанските судии се обидуваат да се поврзат со неговите родители за да ја проверат изјавата на г-дин Слагер. Наводно момчето преку преведувач, изјавило дека сака да се врати во Германија и дека сака да го види својот татко. Слагер моментално е во домашен притвор, и обвинет е за помош на имигранти без документи.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24

Пронајдете не на следниве мрежи: