Познатата американска атлетичарка призна дека била проститутка (Видео)

Поранешната американска атлетичарка Сузи Фејвор Хамилтон, и призна на јавноста дека се занимавала со проституција.

Таа соопшти дека минатата година видела двоен живот и работела во агенција за придружба во Лас Вегас и како проститутка заработувала по 600 долари на час.

“Поминав низ многу предизвици во животот, а посебно во бракот. Сфатив дека донесов ирационални одлуки и превземам целосна одговорност за нив. Јас не сум жртва, туку свесно знаев што правам“, изјави Хамилтон на својот профил на Твитер.

Американската атлетичарка се натпреварувала во олимпискиот тим на САД во 1992-ра година, 1996-та и 2000-та година, но без поголем успех. Таа има освоено седум американски национални титули.

По завршувањето на кариерата таа се занимавала со фото моделство.  На задоволство на машката популација често е се соблекува пред објективот.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24

Пронајдете не на следниве мрежи: