Модно патување околу светот – Лондон

 

Иако нашите продавници се преполни со најновите модни трендови и имаме одличен избор на разни модели по најнова мода, мора да признаеме дека малку ни е здодевно од истите модни парчиња, па затоа решивме да одиме на едно големо патување околу светот на модата почнувајќи од стиловите на некои девојки кои живеат во големитеглавни градови. Се разбира, ќе почнеме со нашиот омилен град – врнежливот Лондон!

 

Кои се тие?

Возбудливи, тврдоглави и луди, такви се наводно девојките од Лондон.  Таков е и нивниот начин на облекување независи од годишниот период или модните трендови, туку од нивното сегашно расположение. Тие не се облекуваат за нивните момчиња, нити за пријателите туку само за себе па така често прават некои некомпатибилни комбинации или пак го менуваат стилот.

 

Боже чувај ја кралицата на високата мода

Девојките од Лондон обожаваат микс од висока мода и ретро, и што е најинтересно може да се најде некое дизајнирано парче облека по доста ниска цена во некоја од продавниците за висока мода дирекно донесени од модините писти.

 

Комплекси, што е тоа?

За разлика од продавниците на балканот , големината на броевитеварира од 14 до 22 (односно големината 8 кај нас значи 38) и сите броеви може да се најдат во секоја продавница за висока мода. Поради тоа девојките без разлика на тежината не се плашат да носат тесни кратки здолништа или ист дизајниран фустан како нивната пријателка, која носи 5 броја помалку од неа. 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: