Порнографијата низ историјата

Порнографијата се појавила уште од зората на времето на Римјаните и Грците, кои своите сексуални фантазии ги прикажувале преку уметнички слики.

 

Во ова модерно општество, порнографијата ја гледаме преку различната долна облека за мажи и жени, големиот избор на секси играчки, документарци, серии, порно филмови и слично. Во минатото, таа била синоним за уметност и култура. 

 

Сепак докажано е дека порнографијата од секогаш била со нас и не следела уште од минатото, само што тогаш тие валкани слики биле “покултурно прикажани“ и сето тоа претставувало уметност и култура. 

 

Грците и Римјаните своите порно фантазии ги прикажувале на артефакти, вклучувајќи вазни, фрески, статуетки, паноа и слично. 

Првиот вистински документиран факт за употребата на “дилдо“доаѓа од античка Грција. Првите секс играчки биле направени од кожа, дрво или камен и биле продавани од локалните трговци. 

До 18-ти век порнографијата се сметала за посебна култура и уметност, каде што денес модерната порнографија е доста поразлична од тогашната. Покрај тоа во денешницата се појавува и посебен вид на “уметност“ во порнографската индустрија-садо мазохизам за кој повеќето го посочуваат озогласениот Маркиз де Сад, кој преку својот “нечист“ ум ја опишувал врската помеѓу сексот и насилството и задоволството од тоа.

Со еволуцијата на технологијата, каде што интернетот е главна алатка за комуникација и образование, порно идустријата е една од најразвиените индустрии во светот која е достапна за секого. Но, се повеќе се става акцент на сексот и насилството, кои предизвикуваат возбуда кај 80 отсто луѓе во светот, а не се обрнува внимание на вистинското значење на сексот и порнографијата преку која тој треба да ги образова идните генерации. 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24

 

Пронајдете не на следниве мрежи: