Клонирање на новогодишна елка во Германија

Loading...

Германија својата совршена новогодишна елка ја бара преку клонирањето. Како што соопштија германските научници тие работат да најдат начин на совршено растење на новогодишна елка која никогаш не умира. 

 

Единствено решение што може да ја реализира оваа нивна замисла е колнирањето, односно на постоечка елка да најдат и создадат нејзин клон.

 

Тие веќе одредија дека соодветен пример за ваков вид клонирање се уникатните видови на елки во Кавказ, кои исто така може да се најдат на плантажите во Германија. 

Биологот на Берлин Хумболт универзитетот, Курт Зоглауер, изјави дека 40 отсто од овие дрва, потребно е да го постигнат своето “полнолетство“ – од 10 до 14 години за да може да успее оваа замисла на германските научници. 

Некои од овие видови елки имаат погрешна нијанса на зелена боја и воопшто не може да се употребат за клонирање. 

 

Научниците предвидуваат дека во 2016-та годиа Германија ќе ја добие првата клонирана новогодишна елка. Овој проект е поддржан и од германската влада. 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24

loading...
Loading...