Лотаријата ’Ел Гордо’ им дели на Шпанците 3,3 млрд. долари

Loading...

По уште една тешка кризна година Шпанците се надеваат на олеснувањата кога познатата божикна лотарија, најбогатата на светот, ќе исплати во сабота на вечер награда во вредност 3,3 милијарди американски долари.

Речиси 46 милиони жители во сабота навечер ќе бидат приковани за телевизиските монитори следејќи го шоуто во кое деца на училишна возраст ќе ги изговараат добитните броеви во извлекувањето на наградите од 529.840 долари и многу помали износи.
Главната добивка се нарекува „El Gordo“ (дебелиот), а неа ќе го освојат стотици, а можеби и илјадници среќни играчи.
За разлика од другите лотарија, оваа шпанска игра на среќа веќе 200 години дели повеќе награди наместо само еден џекпот, па илјадници играчи добиваат по некоја награда за уплатен тикет.
Божикната лотарија толку е популарна што секој Шпанец уплатува во просек по три тикети од 26 долари, а со неа воедно и неофицијално го означува почетокот на божикните и новогодишните празници

Макфакс

loading...
Loading...