Кој освои 101 милион евра на денот на апокалипсата?

Денот на апокалипсата за еден жител на Франција беше навистина среќен. Тој освои неверојатни 101 милион евра на последниот круг на лотаријата во Франција, позната како “EuroMillions”. 

Во последниот круг на лотаријата тој ги имаше сите броеви добитни, меѓу кои и дополнителните џекпот броеви. 

Овој период во Западна Европа владее лото треска. Во многу земји, жителите се собираат на локалните киосци со цел да ги уплатат своите лото билети и да ја зголемат шансата за добивка. 

 

Точните бројки на французинот кои му го направија денот на крајот на светот навистина возбудлив и среќен се (3, 5, 22, 40 и 42) и два дополнителни броеви (3, 10). 

 

Претходно оваа лотарија доделуваше и автомобил, но тој беше заменет со милионска сума. 

Од кога се прошири оваа вест и се обавија добитните броеви, многу луѓе низ светот ги пополнуваат своите лото билети со надеж дека и нив ќе им се посреќи како на французинот. 

 

По доделување на оваа неверојатна сума, француската лотарија го закажа своето традиционално божиќно издание кое е закажано за 25-ти декември. 

Новиот џекпот сега изнесува “скромни“ 15 милиони евра. 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24

Пронајдете не на следниве мрежи: