Има ли спас за Дедо Мраз ? – Новогодишни претстави за деца во Универзална Сала во Скопје

На прагот сме на новата 2013 година и почнува новогодишната еуфорија и празнична атмосфера. Најрадосни се најмладите кои со нетрпение чекаат да пристигне новата година.

Универзалната Сала во Скопје секоја година приредува новогодишни претстави за деца со што придонесува за подигање на новогодишната атмосфера и предизвикува огромно задоволство кај сите оние што ќе ја посетат претставата.

Оваа година ќе прикажеме уникатна, модерна, интересна,забавна, интерактивна и едукативна претстава со наслов “Има ли спас за Дедо Мраз ?” која ќе го привлече и задржи интерсот на посетителите.

Се работи за приказна во која на почетокот се појавува очаен и разочаран

Дедо Мраз кој не е во состојба да ги испорача посаканите подароци поради тоа

што некои лоши деца му ги измешале списоците и му го сокриле компјутерот,

па машките ќе ги добијат подароците од девојчињата и обратно, а доколку е

тоа така нема да може да дојде новата година и сите се во паника.

Добрите деца со помош на наставникот и еден родител преку Фејсбук и интернeт

успеваат да ја контактираат секретарката на Дедо Мраз (Влатко Илиевски, на

кој му е прва година од работното искуство поради тоа што стариот Дедо Мраз

се пензионирал после 900 години работа) и тргнуваат во поход за пронаоѓање

на компјутерот и средување на списоците. На крајот секое дете си го добива

својот подарок, сите се задоволни а лошите деца се покајуваат за стореното

дело.

 

Три Стар Т.К.М. Дооел Скопје / Ул. Самоилова бр. 116/ 1000 Скопје ж.ска : 210062276940144 / НЛБ Тутунска банка

На сцената ќе настапат познати актери, Влатко Илиевски во улога на Дедо Мраз, Кире Печијарески во улога на наставникот, Мирјана Трпковска како секретарката, деца глумци од студиото на Магдалена Ризова-Черних, а претставата ќе биде илустрирана со веќе познати и новокомпонирани новогодишни музички нумери и балетската група Еурека.

Исто така пред почетокот на претставите ќе биде промовирана и новата новогодишна химна “Среќна Нова Година” авторско дела на композиторот Љупчо Мирковски, која со помош на нашите медиумски покровители ќе стане препознатлива нумера која посетителите во Универзалната Сала за време на претставите ќе ја пејат заедно со изведувачите.

Претставите се одржуваат последната недела на декември, од 25 до 30.12.2012 година.

Термините на одржување на организираните претстави се во 11:00,13:00 и 19:00 часот, а претставата трае 50 минути

 

Билетите се во продажба на билетарата на Универзалната Сала, сите Тинекс маркети и Купи Карти За Се (www.kupikartizase.com)

 

Организацијата на претставите е помогната од агенцијата Три Стар од Скопје

Пронајдете не на следниве мрежи: