Новогодишната елка може да привлече 25.000 инсекти

Украсената елка е дел од секој дом за новогодишните и божиќните празници. Како што знае да го разубави денот, така може да привлече мнозинство непосакувани “гости“, кои може да бидат опасни за вас и вашето семејство. 

Една природна новогодишна елка во просек може да привлече и да биде место на живеење на 25.000 инсекти во текот на новогодишните и божиќните празници. 

Биолозите сметаат дека тие се најчесто во вид на вошки кои го напаѓаат дрвото и живеат на него, се додека не го тргнете по еуфоричните празници. 

Но, дел од научниците сметаат дека тие и не се така опасни за вашето здравје, бидејќи поради вештачката топлина и светлина, не можат да се хранат соодветно и изумираат. 

Покрај тоа што инсектите ги “напаѓаат“ природните новогодишни елки во домовите, тие знаат да се удомат на вештачките новогодишни елки извесен период, додека не сфатат дека на нив нема никаков извор на храна. 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: