Зачекорете по најголемата лебдечка осветлена празнична атракција

Не постои недостиг од божиќно осветлување секоја сезона. Но колку често можете да видите масивна изложба на вода?

 

 

Јужна Калифорнија прави многу работи во свој уникатен стил, па така и сезоната на празниците не е исклучок. За изминативе 104 години, жителите на Њупорт Бич одржуваа божиќна парада на вода, која стана најголема парада во САД и една од најголемите во светот, привлекувајќи милион посетители секоја година.

 

Скоро 100 чамци излегоа за отварањето на парадата – со неколку изложбени прикази на бродови со повеќе од 50.000 светилки. И, додека секоја година, поголемиот дел од натпреварувачите го прават ова за забава, постои и оној натпреварувачки дух помеѓу учесниците, за тоа кој ќе успее да ја прикаже најимпресивната светлечка изложба на брод.

 

Проследете дел од моментите на оваа навистина фантастична празнична атракција

Пронајдете не на следниве мрежи: