ФФМ со национална стратегија за развој на младите селекции

ФФМ ја презентираше „Националната стратегија за развој на млади селекции со предлог-систем на игра“.

Фудбалската Федерација на Македонија на состанок со координаторите и претставниците на клубови кои со своите екипи играат во младинските лиги и се дел од системот на Фудбалската Федерација на Македонија ја презентираше „Националната стратегија за развој на млади селекции со предлог-систем на игра“.

„Веќе ја подготвивме националната стратегија за развој на младинскиот фудбал. Сакаме да имплементираме ист систем на игра на сите репрезентативни категории, тоа е дел од проектот од националната стратегија. Наше е да им ја дадеме потребната логистика и финансиска поддршка. Тоа е првиот вистински чекор за да одиме напред и убеден сум дека на вистински начин ќе биде прифатен“ изјави Ѓорѓиоски.

Извор/Фото/Изјава:„ФФМ“

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: