Почина славниот филмски композитор Ричард Бенет

Познатиот британски композитор Ричард Бенет, трипати номиниран за престижната награда Оскар за филмска музика, почина на 77-годишна возраст.

Како што пишува во вторникот весникот Guardian, Бенет починал на католички Бадник во Њујорк, каде што уметникот живееше од 1979 година.
Во доцните 1950-тите (57/58), Ричард Бенет почнал да зема часови по композиција кај славниот маестро Пјер Болез во Париз. Иако Бенет е автор на голем број симфониски дела и опери, тој на пошироката јавност и’ стана познат како автор на музика за повеќе филмски хитови. Музиката на овој британски автор особено беше впечатлива во  филмовите „Убиство во Ориент експрес“ (од 1974 година) и „Четири венчавки и погреб“ (1994).
За својата филмска музика Бенет беше трипати номиниран за Оскар, а еднаш е добитник на престижната награда BAFTA на британската академија. Во 1998 година, за неговите заслуги во областа на музиката, беше одлукуван со британската титула сер.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: