Марјан Георгиевски со предновогодишно stand up шоу(видео)

Предновогодишното stand up шоу на Марјан Георгиевски е патување низ деветте круга на пеколниот хумор со кое ќе добиеме одговор на прашањето дали кај нас дојде крајот на светот.

Најпровокативниот македонски stand up комичар во среда, излегува на мегдан во `Џубокс`, подготвен да им удри шамар на евтините идеологии и скапите безобразлуци.
Марјан, кој нагласува дека за него клучен елемент во stand up комедијата е острата социјална критика, настапува со нов материјал, кој нема да ве остави рамнодушни.
Билети се резервирата на  077 593 867, 075 522 799 и зачинете си ги празниците со квалитетна доза жесток хумор.
Билетите се по цена од 150 денари, а по настапот на Марјан забавата продолжува со одличните Eye Cue.

Во продолжение е видео за нова година.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: