Верувате ли во вонземјани?

Верувате ли во малите зелени суштества кои понекогаш се непријателски настроени кон луѓето на планетата Земја? 

Верувате ли во документарците и “доказите“ кои покажуваат дека вселенски бродови често во минатото, па и денес го посетуваат нашето небо? 

Верувате ли во информацијата дека можно е да постојат вонземјани меѓу нас со човечки изглед? 

За НЛО може многу да се дебатира и да се изнесуваат најразлични мислења. Но, фактите и доказите кои се објавуваат од многуте институти за НЛО низ светот и од самата НАСА, покажуваат дека нашата планета сепак била посетена од вонземјани. 

Официјалната НЛО датотека во Велика Британија, која е испишана на 6.700 страници покажува дека во периодот од 1965 година до 2008-ма година, Земјата била честа дестинација за посета од страна на вонземјаните. 

Но, прашањето е како е тоа воопшто возможно да се сокрие од пошироката јавност? Дали институциите за истражување на НЛО, во соработка со НАСА, се плашат да откријат некакви информации во јавноста поради предизвикот на паника помеѓу луѓето? 

Најверојатно тоа е главната причина, иако секогаш може да постои и скриена намера зошто до сега некој не излегол јавно во медиумите и не изјавил дали навистина постојат вонземјаните и зошто тие сакаат да ја посетуваат нашата планета. 

Според НЛО датотеките од Велика Британија, сопственик на хотел на велшкиот брег раскажува како забележал вселенско летало во 1977-мата година. Тој тврди дека објектот кој бил во големина на мини бус, паднал од небото. Но, на местото на кое тврдел дека паднал НЛО леталото, немало ништо освен една голема дупка, за која сеуште нема рационално објаснување. 

Постојат изјави од луѓе низ светот кои велат дека биле киднапирани од вонземјани и се сигурни дека ги виделе во живо. Но, сепак никој од државните и одговорни институции не одговараат за оваа тема и најчесто таквите изјави не ги сфакаат сериозно. 

Велат додека видиш со свои очи, не можеш целосно да веруваш, па најверојатно се додека не видиме вонземјанин со свои очи оваа тема ќе ни остави многу неодговорени прашања. 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: