Поради проблеми со визата Типсаревиќ приведен во Абу Даби

Српскиот тенисер Јанко Типсаревиќ, на аеродромот во Абу Даби, неколку часа бил задржан од полицијата, откако било утврдено дека неговата виза за влез во Обединетите Арапски Емирати е истечена.

„Во мојот пасош стои дека визата трае 60 дена, но во нивниот компјутерски систем пишува дека таа има важност од 30 денови“, напишал Типсаревиќ на својот профил на Твитер.
Типсаревиќ, кој се наоѓа на деветото место на АТП листата на најдобри тенисери, два часа минал во полицската станица на аеродромот, по што проблемот бил решен и му бил дозволен влез во земјата, во која пристигнал за да настапи на егзибициски турнир.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: