После Гангам стајл, песната за ефтините риби е новиот хит

Мухамед Шахир Назир со својата песна посветена на ефтините риби („One pound fish“) е новата британска сензација. Песната со која тој ги кани своите муштерии да купат риба веќе достигна 7.600.000 прегледи на јутјуб.

Продавачот на риби, со потекло од Пакистан, кој ја испеа својата песна буквално на пазар во источниот дел на Лондон, стигна до 29-тото место на британската топ листа. Неговата популарност оди  до таму што му бил понуден и договор од познатата музичка продукција „Warner Music-om“.

Очигледно, сонот на Пакистанцот да стане поп-ѕвезда, станува реалност.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: