Кучето-херој го победи ракот

Кучето Кабанг од Филипините после 6 недели поминати со хемотерапии го победи ракот. Добрите вести за оздравувањето на кучето-херој ги пренесе Џина Дејвис, ветеринарка од Универзитетот во Колумбија.

Кабанг, која постана народен херој откако ја изгуби горната вилица фрлајќи се под мотоцикл само за да го спаси животот на две девојчиња, наскоро ќе оди на нова операција.

Таа има отворена рана од која може да добие бројни инфекции. Затоа за многу брзо време ќе и се направат две или три операции. Со нив ќе и се средат забите, ќе и се затвори раната и ќе се направи обид да и се вратат назалните функции.

Филипинските доктори и се многу благодарни на хуманитарната организација која ја пренесе Кабан во САД, затоа што на Филипините нема соодветна медицинска помош за нејзино лекување.

Целокупната парична вредност која ќе и овозможи на Кабанг да се излечи изнесува 10.000 долари. За неа се очкува да се врати дома во мај или јуни.

Џина Дејвис вели дека и покрај несреќата, губењето на горната вилица како и тешката борба со ракот, Кабанг е весела, желна за игра и има апетит.

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: