Дедо Мраз сурфаше и делеше поклони на плажа

Дедо Мраз реши да ја пречека Новата година на сурферска даска. Тој сурфајќи, со вреќа со подароци пристигна на една песочна плажа во Австралија. Иако температурата таму достигнува до 40  целзиусови степени, таа не беше пречка за тој да си ја исполни својата задача и да ги израдува децата со подароци.

Овој настан не наиде на огромно изненадување кај жителите на Австралија, затоа што тие слават Нова година и Божик во лето и за нив тоа е сосема нормално. Меѓутоа несомнено го привлече вниманието на пошироката светска јавност каде овие празнични денови се поврзуваат со снег и студ. За таквата популација е вистинска атракција да се гледа како се слави Нова година на плажа, под сончвите зраци.

За децата е особено интересно да го гледаат Дедо Мраз како пристигнува на даска за сурфање наместо на санка влечена од елени.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: