Видови вампири

Постојат повеќе видови вампири кои е добро да знаете на кој начин се хранат, пред да ги сретнете. 

1. Псај вампир

Се храни со не-физичка енергија, наместо со крв. Сакаат да ја впиваат енергијата која ви испарува од мозокот и телото за да може да си ги наполни батериите. 

2. Крв вампир

Се храни исклучиво со пиење на вашата крв. Тие се склони кон свежа крв за да можат да имаат енергија до пронаоѓање на својата следна жртва. 

 

3. Хибрид вампир 

Хибрид вампирите се мешавина од првите и вторите видови на вампири. Тие сакаат да се хранат со вашата енергија и крв. Според хиерархија тие се на највисоко ниво во вампирскиот свет. 

4. Елементал вампир

Овој вид на вампир се храни со најразлични елементи како грмотевици, моќта во воздухот, водата и слично. Елементал вампирот не преферира да се храни со човечка крв, бидејќи елементите му даваат поголема енергија. 

5. Емоционален вампир

Овие вампири се хранат со емоциите на луѓето како лутина, бес, страв, среќа и слично. Овие видови вампири може да предизвикаат емоционална бура која може да им даде неверојатна сила и енергија. 

6. Сексуален вампир 

Овие вампири се хранат со енергијата предизвикана од возбудата за секс или самиот секс чин. Доволно е да помислите на секс или да имате секс со вашиот партнер, овој вампир веднаш ќе се нахрани се додека не ја најде својата следна жртва. 

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: