Живот во шума и тоа во авион

Брус Кембел ја исполни својата долгогодишна мечта и денес живее во авион, во Хилсборо, Орегон. Тој уште како студент ја добил оваа идеја и започнал да собира пари за да може да си купи авион и од него да направи убав простор за живеење. Тој успеал во тоа и за 100.000  долари си го купил својот иден дом. Исто така потрошил уште многу пари за целосно уредување и секако за закупување на соодветно земјиште каде истиот ќе биде поставен. Брус објаснува:

„Можеби платив малку повеќе, но сепак сум среќен. Авионот има висок степен на сигурност, многу е чист и е достоинствен за живеење“.

Своето живеалиште Брус го сместил во една шума. Меѓутоа поставувањто на авионот на тоа место одзело многу време и труд. Тој требало да ги исече дрвјата за полесно пренесување, а потоа да ги засади истите. Сепак желбата била посилна од се, тој ги надминал сите препреки и сега ужива во новиот дом.

Меѓутоа авионот не може да полета. Во договор со компанијата некои делови му се извадени и сега тој може да биде само прицврстен на земјата.

За планот на Американецот не знаеле ниту неговите родители ниту блиските. За новиот дом дознале од медиумите кои во поголем број сметаат дека ова е луда идеја.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: