Што велат подароците за него

Loading...

Жените оминуваат недели прашувајќи се што ќе им подари нивното момче за празниците. Тие се прашуваат што ќе им подари, колку чини и дали ќе им се допадне подарокот или ќе мора да ја изглумат насмевката.

Ужасно е колку многу се обрнува внимание на овие нешта (без разлика дали ќе признаете или не, сите го правиме тоа), но едно нова студија вели дека ако добро погледнеме во она што нашето момче или сопруг ни го поклони, можеме да видиме добра слика за тоа каков е навистина тој.

Истражувачите на Универзитетот Мекгил соработувале на четири одделни студии со намера за добро да разберат како и зошто нарцистичните потрошувачи избираат одредени производи за подароци и како овие производите прават да се чувствуваат тие, а не нивните примачи.

Студијата најде мажи кои имаат тенденција да одбираат производи за подароци, прашувајќи се како овие подароци влијаат на другите и на самите нив, што ги прави да се разликуваат од останатите, во смисла, наместо да мислат како и дали овие подароци ќе го направат примачот среќен, овие мажи мислам за тоа каков ефект ќе имаат нивните подароци врз другите околу него.

Овие мажи бираат подароци кои што се ексклузивни, индивидуализирани и кои скршнуваат од идеjата за практични предмети. Лекцијата за вас девојки овде е, ако неговиот подарок ви се чини здодевен, ценете го тоа што тој не се сакам себеси повеќе од вас.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

loading...
Loading...