Фототшоп е супер работа, се додека некој не остане без нозе

Loading...

Користејќи ја програмата фотошоп, многу е лесно и забавно да стигнете до посакуваните ефекти на фотографиите. Но, грешките при корекција на истите се многу чести. За среќа, пропустите остануваат само во дигиталниот свет.

Последниот таков случај на грешка е виден во рекламата за облека на една француска фирма.

Обидувајќи се да ја разубават фотографијата на девојката која е заштитно лице, тие ја оставиле без стапала. Целокупната слика  се уништува кога ќе се забележи како неа и е исечен долниот дел од нозете. Исто така, изгледа како од нејзиниот стомак да излегува чад. Тука, во обидот нешто да се направи подобро, излезе многу пати полошо.

Вакви грешки се случуваат и кога се разубавуваат некои славни личности. Во обид да им се „испеглаат“ лицата и слично истите изгледаат премногу вештачки, како пластични кукли.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

loading...
Loading...