Дивиот свет низ објективот на скриените камери

Во однос на фотографирањето диви животни, Ануп Шах направи чекор повеќе. Тој во апаратите за фотографирање вгради направи за далечинско управување и истите ги поставилна тајни места низ просторот во кој се движат дивите животни. Вакви скриени камери Шах успеа да подметне во националните паркови „Серенгети“ и „Масаи Маре“ кои се простираат низ Кенија и Танзанија.

Додека останатите фотографи кои сакаат да допрат до дивиот животински свет се обидуваат само оддалеку да фотографираат, Шах со камуфлажа на своите апарати успеа да направи неверојатни слики. Покрај тоа, тој одбележа и досега невидени ситуации од животот во дивината во Африка.

Проектот на Ануп Шах насловен „Шпионот од „Серенгет“: поглед кон Источна Африка низ објективот на скриената камера“, е вкоричен во книга која содржи 204 страници.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: