недела, 15 ноември 2026
Најново

Се кастрат платите на црногорските пратеници

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Владата на Црна Гора побара од парламентот да ги намали платите на пратениците за седум отсто, што претходно беше направено со  министерските плати.

Министерот за финансии Радоје Жугиќ, говорејќи за новиот пакет на мерки на штедење кои се предвидува со државниот буџет за наредната година, рече дека владата побарала од Собранието да им ги намали платите на пратениците, а платите на вработените во регулаторните тела да бидат сведени на ниво на примањата на вработените во јавната администрација.
Просечната плата на пратеник во Црна Гора изнесува околу 1.300 евра, додека просечната нето плата во државата изнесува 478 евра.
Со мерките на штедење се предвидува и замрзнување на пензиите, но планирано е пензионерите со најниски примања да добијат еднократна помош.
„Пакетот на мерки на штедење ќе важи наредната година, по што ќе направиме анализа и ќе одлучиме дали тие ќе продолжат или ќе бидат укинати“, рече Жугиќ.
Црногорското собрание во четврток треба да расправа за Предлог буџетот за наредната година, кој е проектиран на 1,2 милијарди евра со дефицит од 95,3 милиони евра и нови задолжувања од 250 милиони.

Макфакс

Поврзани вести