Најголемиот чоколаден парен воз во светот (видео)

Loading...

Белгиски готвачи решиле своето знаење и вештина за кулинарството да го прикажат на креативен начин, со правење на најголемиот чоколаден парен воз во светот. 

Чоколадниот парен воз е 33.5 метри, а употребени се околку 12.496 килограми чоколадо. Подготовката на овој чоколаден парен воз траела 784 часа. 

Возот бил изложен во Брисел, а целта била да се прикаже и промовира Белгиската чоколадна индустрија, за која е познато дека го произведува најубавото чоколадо во Европа и пошироко. Во Белгија постојат околку 300 компании кои произведуваат чоколадо. Продажбата на чоколадо во Белгија, може да донесе цели 200 милијарди евра профит на годишно ниво. 

 

Истражувањата покажуваат дека побарувачката на чоколадо е многу поголема во земјите кои се во развој, а во богатите земји е намалена од порано. Производтството постепено се ориентира кон пазарите со евтина работна сила. 

Рецесијата која го погоди и овој пазар во Белгија, почна да се намалува побарувачката на чоколадо во оваа земја, но се зголемува во Бразил, Русија, Индија и Кина. 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

loading...
Loading...