Мистериозен мост помеѓу Шри Ланка и Индија

Мистериозен мост  помеѓу Шри Ланка и Индија, со должина од околу 30 километри, беше забележан од сателит на НАСА. Начинот на кој е изграден, како и неговата старост и повеќе од доволно покажуваат дека е создаден од човечка рака.

 

Легендите и археолошките истражувања велат дека првите знаци на живот на Шри Ланка датираат од прастариот период, па според тоа и изградбата на овој мост се поврзува со истиот временски интервал.

Оваа информација е клучна за увид во легендата наречена Рамајана каде се зборува за  тоа како под надзор на Рама кој требало да биде Севишниот, бил изграден мост кој се протегал од Шри Ланка до Индија.

Според тоа оваа информација за постоењето на мостот ќе биде од особена важност за подобро разбирање на индиската митологија и древната историја.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: