Хотел прилагодлив и за на копно и за на вода

Необичен хотел, со уникатен изглед кој ќе биде прилагодлив како за на копно, така и за на вода е дизајниран од руската компанија „Ремистудио.“

Во соработка со Меѓународната унија на архитекти, наречена „Архитектура за олеснување при временски непогоди“, овој хотел треба да биде изграден од дрвени сводови, челични сајли како и пластични слоеви наместо стакло.

Неговата конструкција ќе биде таква, што и покрај подигнувањето на нивото на морето или пак поплава, тој ќе остане мирно над водата. Исто така овој објект ќе биде и отпорен на земјотреси.

Необичната градба на хотелот овозможува истиот да има големата достапност до природната светлина , што ќе придонесе да има помала потреба од користење на електрична енергија. Она што е исто така важен дел од планот за градба е и  инсистирањето да се користат алтернативни извори на енергија како соларни системи и слично.

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: