БЕЗ ДИЛЕМИ – АГИМ ИБРАИМИ ПРОГЛАСЕН ЗА НАЈДОБАР МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛЕР ЗА 2012 ГОДИНА!!!

Онака како што се очекуваше, фудбалерот што ја крена Македонската публика на нозе, Агим Ибраими, и повеќе од заслужено е прогласен за најдобар Македонски фудбалер за 2012 година.

Во конкуренција за најдобар Македонски фудбалер за 2012 година беа уште и Николче Новески и Горан Пандев.

Ибраими настапува за словенечки Марибор, и оваа сезона беше и повеќе од успешна за него, како на клубски план, така и на репрезентативен каде беше вистински предводник на „А“ селекцијата предводена од селекторот Чедомир Јаневски, публиката тоа го забележа, а признанието оди на вистинска адреса.

За Марибор оваа сезона одигра 42 натпревари, притоа постигна 13 погодоци. Се шпекулира дека големи европски гиганти се заинтересирани за неговите услуги, познато е дека францускиот гигант ПСЖ пројави интерес за нашиот интернационалец.

За Македонската сениорска репрезентација неговиот учинок е мошне ИМПРЕСИВЕН. Верувале или не, Агим Ибраими за 2012-тата година ги има одиграно СИТЕ натпревари што нашата фудбалска репрезентација ги има одиграно во 2012-тата година, притоа постигнувајќи дури три погодоци на последните три натпревари што ги играше (не сметајќи го натпреварот Полска-Македонија 4-1, каде селекторот Јаневски настапи со Б-тимот).

Еве ги признанијата…

Фудбалер за 2012 година – Агим Ибраими (Марибор, Словенија)

Најдобар интернационалец – Агим Ибраими (Марибор, Словенија)

Најдобар фудбалер од Македонската Фудбалска Лига – Остоја Стјепановиќ (Вардар)

Најдобар стрелец – Филип Ивановски (Вардар, моментално- Астана)

Најдобар тренер – Илчо Ѓорѓиоски (Вардар)

Најдобар млад фудбалер – Давид Бабунски (младинска екипа на Барселона)

Најдобар футсал-играч – Зоран Левески (Железарец)

Најдобар стрелец во футсал – Исен Мемеди (Елита)

Најдобар тренер во футсал – Зоран Лекиќ (Железарец)

Најдобра интернационалка – Наташа Андонова (Постдам)

Најдобра фудбалерка од женското Македонското фудбалско првенство – Гентиана Рочи (Наше Такси)

Најдобар стрелец во женска конкуренција – Виолета Спировска (Наше Такси)

Најдобар тренер во женскиот фудбал – Кирил Изов (Истатов)

Најдобра млада фудбалерка – Анета Ѓорѓиева (Младост)

Најдобар фудбалски работник – Орце Тодоров (Турново)

Фер-плеј екипа – Силекс

Најдобар судија – Александар Ставрев

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: