Филип Најдовски го засилува Вардар!

20-годишниот фудбалер на Напредок според неофицијални информации до кои дојде „Пулс24“ ќе го засили тимот на Вардар во јануарскиот преоден трансфер период.

Најдовски дебитираше за младата селекција на Македонија под водство на Бобан Бабунски на натпреварот против Бугарија.

Инаку овој млад фудбалер потекнува од фудбалската школа на Цементарница.

Овие засега неофицијални информации ги пласираше „Црвено-Црно семејство“, Фејсбук-група, за која како што велат многумина Вардарови навивачи, е водена од луѓе кои имаат навистина интересни информации поврзани со тимот на Вардар.

 

 

 

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: