недела, 15 ноември 2026
Најново

Тачи: Имаме понуда за Србите

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Премиерот на Косово Хашим Тачи вели дека на следниот состанок со српскиот премиер Ивица Дачиќ ќе ја претстави „најафирмативната можна понуда за Србите на северот на Косово”.

Тачи, во интервјуто за Гласот на Америка, додаде дека дијалогот е единствена можност за нормализација на односите меѓу Србија и Косово, а за „црвените линии” на Приштина во политичките разговори со Белград наведе дека тие се „незагрозување на уставот и косовските закони”.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

На забелешка на Гласот на Америка дека тоа истото и Србија го вели за својот Устав, Тачи рече дека „независноста на Косово е и била наш компромис, така што сега сме две суверени држави и сме на еднакво ниво”, при тоа додавајќи дека „нема компромис со суверенитетот”.

Тој досегашните три состанока со Дачиќ ги оцени како коректни и позитивни.

Коментирајќи ја платформата на српскиот претседател Томислав Николиќ, Тачи ја оцени како „политичка авантура” на Николиќ, односно идеја што им штети на односите на двете земји.

Запрашан што Приштина најмногу може да му понуди на северот на Косово, Тачи одговара дека тоа ќе биде афирмативна понуда што на Србите ќе им овозможи да ги уживаат истите права и на северот и на југот на Косово, без двојни стандарди.

Макфакс

Поврзани вести