Италијански свештеник: Жените се провокативни, дрски и мрзеливи

Еден италијански свештеник разгневи многумина со текстот во кој тврди дека жените се делумни виновни за семејното насилство поради тоа што „не ги чистеле куќите, не готвеле како што треба, а носат тесна и провокативна облека“.

Свештеникот Пјеро Корзи на огласната табла во црквата која е под негов надзор, во селото Сан Теренцо до Лериѓи на северот на земјата, закачил текст во кој наведува дека би требало жените да се вклучат во „здрава самокритичност“ по прашањето на убивањето на жени од страна на мажите, пренесе Ројтерс.
Во текстот кој што е поставен и на интернет, свештеникот ја критикува порнографијата и еротските реклами на ТВ, но тврди дека жените ја делат вината за „будењето на најлошите нагони, кои потоа прераснуваат во насилство и сексуално злоставување“.
Свештеникот Корзи смета дека суштината на проблемот е во тоа што жените стануваат се попровокативни и попровокативни, арогантни се и сметаат дека можат се самите, а на крајот тензиите доведуваат до зовривање
Домашното насилство над жените е сериозен проблем во Италија, иако во извештајот на ОН објавен во јуни се наведува дека „насилството е воглавно невидливо и недоволно се пријавува.

Пронајдете не на следниве мрежи: