ПЕНЗИОНЕРИ ОД 2012 ГОДИНА: Фелпс, Шумахер, Ања Персон, Ван Нистелрој…

Големи имиња од светскиот спорт во повеќе категории кои оставија голем впечаток во својата кариера станаа „пензионери“ од 2012 година.

Би започнале со неверојатниот Мајкл Фелпс, голем број на успеси, неверојатни подвизи стојат зад неговото име, а поради тоа и наградите кои го красат сиот негов труд во целата негова кариера, останаа забележани, дури осум пати беше номиниран за Американски пливач на годината почнувајќи од 2001 година до 2009 година. Се пензионираше оваа година откако освои шест олимписки медали во Лондон 2012 година.

Михаел Шумахер, формула 1 легенда. Бројките зборуваат за него, а тој за бројките понекогаш вели „Победував бидејќи имав храброст да не кочам таму каде што сите други кочеа“. Германецот имаше и повеќе од успешни 11 сезони во Ферари, дури 11 пати беше Светски Шампион во Формула 1, што го прави вистинска легенда во овој спорт.

Ања Персон, поранешна олимпијска шампионка која оваа година се пензионираше. Повредата на коленото си го направи своето и тоа само го забрза процесот на Персон. Дебитираше на Светскиот Куп пред 14 години во Кран Монтана. Последната победа во Светскиот куп ја забележа лани во Тарвизи.

Руд Ван Нистелрој, „расен-голгетер“ кој остави голем впечаток кај многумина љубители на фудбалот. Се започна во Ден Бош, во 1993-1997 каде помина четири години во овој клуб одигрувајќи 69 натпревари, притоа постигнувајќи 17 голови. Потоа следи преселба во Херенвен, а веднаш потоа во ПСВ од каде тимот на Манчестер Јунајтед ги „скаутираше“ неговите голгетерски способности. Бројките зборуваат понекогаш се, а тие велат 67 настапи и 62 погодоци за ПСВ во периодот 1998-2001. Потоа следи трансфер во Манчестер Јунајтед каде на 150 натпревари постигна 95 голови, многумина љубители на фудбалот сигурно се сеќаваат на реакциите на фановите на Јунајтед кога холанѓанецот ќе постигнеше гол…„РУД, РУД, РУД…“.

Без разлика на тоа кој фудбалски клуб ви е омилен, или пак кој фудбалер ви е омилен. Ретко кој го негира фактот дека украинецот Андриј Шевченко беше фудбалер кој мошне добро си ја знаеше задачата на теренот, ДА ПОСТИГНЕ ГОЛ… Едноставно беше немилосрден во казнениот простор кај противничките екипи. Започна во Динамо Киев 1994-1999, каде на 166 натпревари постигна 94 погодоци. Потоа следеше местото каде многумина го памтат и каде ја стекна светската слава, Милан, од 1999 до 2006 за италијанскиот фудбалски гигант одигра 296 натпревари притоа постигнувајќи 173 голови.

Рамунас Шишкаускаш дефинитивно со право зазема место во оваа група на легенди кои се повлекоа во 2012 година. Литванецот имаше и повеќе од успешна кошаркарска кариера, започна во Скалаи во 1996-1998, додека пак заврши во рускиот гигант ЦСКА Москва каде одигра пет сезони, 2007-2012.

Роберто Карлос, важи за фудбалер кој располагаше со еден од најсилните шутеви во светската фудбалска историја. Започна во Умао Сао Жоао во 1991-1993. Светската слава ја стекна во шпанскиот гигант Реал Мадрид во 1996-2007, каде во овие сезони одигра неверојатни 370 натпревари притоа постигнувајќи 46 голови. Моментално е спортски директор на екипата на Анжи.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: