Вонредна состојба во Скопје

 

Ситуацијата со маглата во нашиот главен град кулминираше и денес е прогласена вонредна состојба.

 

Имено, поради лошите временски услови и не спременоста на градот, сите птици кои живеат на подрачјето на Скопје и околината решија да почнат да се движат пешки. Имено сите врабци, гулаби и чавки се движат пеш по тротоарите и улиците на нашиот главен град. Ова го оневозможи градскиот сообраќај, кој е навистина отежнат последниве неколку часа.

 

Битен е и фактот дека птиците не го најавија своето присуство на улиците на Скопје во МВР, а веќе се зборува за евентуален бунт од нивна страна поради фактот дека градот не се спремил доволно за маглата.

Следете не, ќе има повеќе информации за овој настан во наредните неколку часа.

 

Оваа статија има за цел само да ве насмее.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: