Шест трендови кои не се потребни во 2013-та

Изминатата 2012 беше година на политиката, правата на хомосекусалците и новите модни трендови. Како што доаѓа новата 2013 на сите ни е здодевно да ги носиме истите модни парчиња и можеби не сме толку горди на некои од комбинациите што сме ги направиле во изминатата година. 

Еве неколку трендови кои ни е смачено да ги гледаме во новата 2013год.

 

1.Пемплум

Ким Кардашијан можеби беше најголемиот фан на овој тренд за 2012 год, но мислам дека веќе на сите ни е здодевно да ја гледаме во истата комбинација.

2.Провидна облека

Овој тренд го преферираа повеќе познати личности, но дефинитивно веќе станува невкусно да се носат футани кои ништо не покриваат.

3.Гел на ноктите

Точно е тоа дека траат подолго, no никој не сака да носи еден ист маникир цел месец.

4.Полу избричена глава

Овој тренд за прв пат го започна Ријана и одлично изледаше во него. Сепак видовме доволно девојки со полу избричени глави изминатва 2012 год.

5.Виолетова коса

Кети Пери и Кристина Агилера беа меѓу првите со оваа боја на коса. Се надеваме дека овој тренд набргу ќе го снема бидејки делува многу неприродно.

6.Јаки со нитни

Иако овие нитни изгледаат интересно сепак на сите им е преку глава да ги гледаат на секоја втора јака на кошулата.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: