Ѓоковиќ експресно го совлада Ферер

Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, со победа ја отвори новата сезона.

На егзибицискиот турнир, кој се игра во Абу Даби, тој го победи Давид Ферер со 2:0 (6:0, 6:3) за нешто повеќе од еден час игра.
Ѓоковиќ, како прв носител, директно се пласира во полуфиналето, додека Ферер во четвртфиналето го елиминира Томаш Бердих.

Противник во финалето на Ѓоковиќ ќе му биде победникот од полуфиналниот меч помѓу Николас Алмагро и Јанко Типсаревиќ.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: