Закон за инерција: Мачка која спие останува да спие, освен ако не е предизвикана од некоја надворешна сила, како што е отворање на конзерва со храна.
Закон за движење: Мачката ќе се движи во праволиниска насока, се’ до оној момент кога се јавува добра причина да ја промени насоката.
Закон за магнетизам: Сите темни и црни блузи и џемпери привлекуваат влакна од мачките право пропорционално на нивната боја.
Закон за термодинамика: Топлината се движи од топло на ладно тело, освен во случај на мачките, кога целокупната топлина од околината се движи кон мачката.
Закон за спиење: Сите мачки мора да спијат покрај луѓето секогаш кога тоа е можно, во позиција колку што е можно понеудобна за луѓето.
Закон за присуство: Мачката мора да присуствува на сите оброци кои се сервираат на масата.
Закон за конфигурација на килими: Ниеден килим нема да остане во својата првобитна состојба.
Закон за отпор кон послушност: Отпорот на мачката варира право пропорционално со човечката желба за послушност на мачката.
Прв закон за конзервирање енергија: Мачката знае дека енергијата ниту се создава, ниту пак може да се уништи, и затоа ќе користи колку што е можно помалку енергија.
Втор закон за конзервирање енергија: Мачката исто така знае дека енергијата може да се сочува само со спиење.
Закон за набљудување на фрижидерот: Ако мачка го набљудува фрижидерот доволно долго, некој ќе дојде и ќе извади нешто добро за јадење од него.
Закон за Удобност: Мачката секогаш ќе бара, и секогаш ќе и успее да го зафати најудобното место во било која соба.
Закон за завезмање кутија/торба: Сите кутии или торби во одредена соба мора да содржат мачка во себе во најбрза можна наносекунда.
Закон за менување на намештај: Желбата на мачката да го гребе намештајот е право пропорционална со цената на истиот.
Закон за неинтерес: Интересот на мачката варира обратно пропорционално со напорот на човекот во обидите да ја заинтересира мачката.
анекс: Мачката безглаво ќе брка се што се движи доволно брзо да го предизвика нејзиниот интерес се до моментот на достигнување критично ниско ниво на енергија по што стапува на сила законот за конзервирање на енергија.
Пронајдете не на следниве мрежи: