Се прашувате што ќе биде во тренд оваа зима? Одговорите следуваат во продолжение на текстот.
1.Кожа
Кожата е карактеристична за зима и секој би требало да има по некое кожно парче доколку сака да биде во тренд. Можете да направите различни комбинации од различни видови на кожа и да изгледате елегантно и заводнички.
2.Крзно
Крзното, исто како кожата се носи во зимскиот период од годината. Не само што е секогаш во мода туку и ќе ве стопли во најладните денови.
3.Проѕирно
Овој тренд е карактеристичен за во лето, но можете да го носите и во зима. Слободно искомбинирајте го со некој топол елек или интересно здолниште.
4.Бои
Има некои бои како што се црната, бордото, темно зелената и други кои се носат најмногу во зима, но не значи дека треба да се фокусирате само на нив. Слободно можете да ги комбинирате и посветлите бои, зашто тие се голем хит особено оваа 2012/2013 година.
5.Капут
Обичните капути не е хит оваа сезона. Ако сакате да бидете по најнова мода одберете капут кој ќе има некој интересен принт или пак необични копчиња.
6.Принт
Облеката со принт е дефинитивно во мода оваа сезона, а така ќе продолжи и во летниот период. Ако го практикувате овој тренд никогаш нема да изгледате обично и здодевно.
7.Слоеви
Повеќе слоеви на облеката е нешто што можете да го направите оваа зима. Така ќе се затоплите и ќе бидете по најнова мода.
8.Гламур од 1940та година
Овој тренд е сон на секоја девојка со облини. Долгите ракавици и фустаните кои го обликуваат вашето тело се повторно во мода.
9.Широки пантолони
Конечно и широките пантолони се во мода. Во нив, секоја девојка може да изгледа елегантно.
10.Широки џемпери
Ова е еден од најголемите трендови. Можете да носите дебел џемпер наместо јакна и притоа ќе изгледате одлично.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: